MAQS

За насНастаниЗачленувањеНовостиКонтакти

MAQS  
EnglishAlbanian

 

 

JUNE 2016 PARTNERSHIP APPRECIATION

Partnership appreciation to the Macedonian association for quality language services (MAQS) from BRITISH COUNCIL


На 22-11-2014, МАКС одржа презентација и работилница за 40тина професори по англиски јазик од средните училишта од град Скопје

Презентација и работилница за АПТИС – наставен план за А1 ниво

На 22.11.2014 во просториите на Британски Совет, МАКС одржа презентација  и  работилница за тестот АПТИС -  наставен план за А1 ниво.

МАКС го изработи целиот Curriculum и наставен план за подготовка за тестот АПТИС –ниво А1. Презентацијата и работилницата вклучија теоретски предавања, практични вежби со употреба на техники и методологија за изведување на обука за подготовка за полагање на Aptis тестот.  

АПТИС е најнова алатка на БС, тест по англиски за возрасни (16+), кој се користи за оценување  на способноста  на 4те јазични вештини – читање, пишување, слушање и зборување. Се употребува во компании и организации  за определување на нивото на познавање на англискиот јазик за нивните вработени, потенцијални вработени како и за поединци, студенти и наставници. Со АПТИС не се тестира едно ниво туку составен е од голем број прашања па според одговорите на кандидатот самиот тест го одредува нивото.

За 2015 година се планирани работилници и презентации за наставници и професори по англиски јазик и во другите градови на територијата на Република Македонија.


 

Одржан состанок на работната група за квалитет во настава по странски јазици

Во просториите на Сојуз на стопански комори се одржа состанок на работната група за квалитет во настава по странски јазици на кои беа дискутирани тековните активности на работната група.

Исто така присутните истакнаа предлози за идни активноссти на работната група како консултантски ден на MAQS, промотивен настан на ССК и MAQS и слично.


Програма за годишно собрание на МАКС, Ноември 2013

Програма за Годишно собрание на МАКС, 02.11.2013

02.11.2013

време
настан
11.00-11.15
Регистрација
11.15-12.30

Резиме за работењето на МАКС од досегашната претседателка Елисавета Таневска

Излагање на новата претседателка- Лидија Таскова Попова

Финансиски извештај за 2013 година. - Весна Бузалковска

12.30-13.00

Презентација на јазичното портфолио пред новите членки на МАКС – Маја Стојкова

13.30-14.30 Кафе пауза
13.30-14.00 Прашања и коментари
14.00-14.15 Кафе и лесна закуска
14.15-15.00 Состанок на инспекторите на МАКС

•Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 30.10.2013 на letikom@unet.com.mk


Програма за конференцијата на МАКС, јуни 2011

“МАКС како асоцијација за поддршка на квалитетот во ЦОСЈ”.
17 јуни 2011
време
настан
12.00-12.15
Регистрација
12.15-12.35
Поздрав од претседателот на МАКС Елисавета Таневска
Презентација: “ Новата организација на МАКС -начин за помасовно здружување и справување со новите предизвици на современото време”
12.35-13.15 Презентација: “Придобивки од членување во МАКС и идни планови”–Лидија Таскова Попова
13.15-13.30 Кафе пауза
13.30-14.00 Презентација: Core Inventory -проектот на Британски Совет и EAQUALS -Маја Стојкова
14.00-14.30 Презентација: CELTA –Gate to the World
Весна Димитриевска–CELTA teacher
14.30-15.30 Ручек

•Присуството на конференцијата е бесплатно
•Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 15.06.2011 на letikom@unet.com.mk


 

 

 

 
 

  ©Copyright -Maqs
Администрирано од:Webmaster