MAQS

За насНастаниЗачленувањеНовостиКонтакти

MAQS

EnglishAlbanian

 

 

Тренинг за нови инспектори на МАКС

Програма: 29.09 – 01.10.2017

МАКС – Македонска Асоцијација за Квалитет во Настава по странски јазици организира обука за нови инспектори за Центрите по странски јазици (ЦСЈ) во Македонија, кои ќе вршат инспекција во ЦСЈ за да се здобијат со акредитација на МАКС, која е асоцијативна членка на Европската асоцијација за квалитет по странски јазици, ИКУАЛС.

Тренингот се состои од теоретски и практичен дел и ќе заврши со симулација на инспекција. Секој што ќе учествува во обуката ќе се здобие со сертификат – инспектор на МАКС.

Обуката може да ја посетува:

  • професор по странски јазик, во приватниот и државниот сектор како и независните професори.

Обуката ќе ја изведуваат инспектори на МАКС, Весна Бузалковска и Елисавета Таневска, професорки по англиски јазик со 14 годишно искуство како и инспекторки.

ПРИЈАВУВАЊЕТО ТРАЕ ДО 4 СЕПТЕМВРИ 2017.

Линк за превземање на формуларот за регистрација

ПРОГРАМА ЗА ИНСПЕКЦИСКИ ТРЕНИНГ 29 и 30.09 и 01.10.2017

Распоред:

29.09.2017 (петок)
09.00-09.45
Регистрација и утринско кафе
09.45-10.30
Претставување
10.30-11.00 Стандарди на МАКС
11.00-12.30 Што претставува инспекторот на МАКС?
12.30-13.00 Поделба на групи
13.00-14.00 Ручек
14.00-15.30 Пред инспекција/Инспекција/После инспекција
15.30-15.45 Кафе пауза
15.45-16.45 Увид во документите од општ менаџмент


30.09.2017 (сабота)
09.30- 11.30
Увид во документите од академскиот менаџмент
11.30-11.45
Кафе пауза
11.45-13.15 Вреднување на стандарди во наставата
13.15-14.15 Ручек
14.15-15.30 Разгледување на општите одредби и оценување
15.30-15.45 Кафе пауза
15.45-17.00 Пишување на извештај


01.10.2017 (недела)
09.30-11.00
Симулација на инспекција
11.00-11.15
Кафе пауза
11.15-12.45 Очекувања од тренингот, прашања и доделување сертификати

Пријавувањето се врши на следните телефони: 070 / 22 66 90 или 075 / 41 62 44

Краен рок на пријавување : 4 септември 2017.

Со почит,
Тимот на МАКС


Проектот Европско јазично портфолио (16+) во продавниците на Просветно Дело

Портфолиото како концепт е создадено да се стимулира и поддржи изучувањето на јазиците. Тоа им овозможува на младите луѓе да ги подобрат своите јазични вештини, а во исто време ја отсликува нивната јазична компетенција и ја олеснува мобилноста низ Европа. Македонската верзија на Европско јазично портфолио (16+) сега можете да го набавите и во продавниците на Првосветно Дело.


Работна група за квалитет во наставата по странски јазици во склоп на ССК

Би сакале да Ве информираме дека во Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) во рамки на Услужна комора се формираше Работна група за квалитет во наставата по странски јазици која за примарна цел има промоција на центрите за странски јазици со посебен фокус на лобирање за квалитет во наставата по странски јазици преку сертификација. Во работната група членува Македонската асоцијација  за квалитет во наставата по странски јазици (МАКС) во која пак членуваат училишта за странски јазици кои се залагаат за квалитет во наставата и вршат сертификација.
          Во оваа насока Ве покануваме да станете членови на Работната група за квалитет во наставата по странски јазици и членови на МАКС со цел промоција на квалитетот во наставата преку воспоставување и одржување на високи професионални стандарди, кои се во согласност со европските.
     Погодностите за членување се:

  1. Можности за рекламирање
  2. Информации за тековни развојни насоки во наставата по странски јазици
  3. Европска стандардизација на нивоата за странски јазици
  4. Семинари и работилници
  5. Консултантски услуги и експертиза
  6. Застапување на Вашите интереси
  7. Вмрежување со членовите на ССК со цел остварување на соработка

          Вашето членство во Работната група за квалитет во наставата по странски јазици започнува со пополнување на пристапница за членство која Ви ја доставуваме во прилог и понатамошно регистрирање во нашата евиденција.

          Членството во МАКС е исто така со пополнување на пристапница, по што потоа добивате стандарди и начела на однесување во работата. 

 

 

 
 

  ©Copyright -Maqs
Администрирано од:Webmaster