MAQS

За насНастаниЗачленувањеНовостиКонтакти

MAQS  
EnglishAlbanian

 

 

Формулар за Аплицирање

Phases of Accreditation

НОВАТА РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКС ИЗГЛАСАНА НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ 2011
ПРАВИЛА ВНЕСЕНИ ВО ПРАВИЛНИКОТ НА МАКС

На 08.04.2011 членките на МАКС едногласно ги изгласаа следните промени за новата организациона структура

Во МАКС постојат 3(три) видови на членство по следниве правила:

ЧЛЕНКИ – НАБЉУДУВАЧИ
Тие:


- плаќаат годишна чланарина
- членуваат според Водичот на МАКС за општиот менаџмент и работната средина
- присуствуваат на 4 состаноци во текот на годината
- присуствуваат на семинари/предавања/работилници организирани од МАКС , без никаква надокнада.
- не се акредитирани и не смеат да го користат знакот за квалитет на МАКС.

АКРЕДИТИРАНИ ЧЛЕНКИ
Сите правила што важат за членките набљудувачи и следниве:

- акредитирани според правилата одредени во Правилникот и Водичот на МАКС за квалитет во наставата по странски јазици.
- имаат право да го користат знакот за квалитет на МАКС
- не користат бенифиции од асоцијацијата
- присуствуваат на сите состаноци на МАКС
- работат и учествуваат во проекти

АКРЕДИТИРАНИ ЧЛЕНКИ СО ФУНКЦИЈА
Сите правила кои важат за акредитираните членки и:

- активно учествуваат во работата на МАКС и придонесуваат за успешно работење.Бенефиции : патувања во странство или намалување на годишната чланарина за 30% или намалување на инспекцијата за 30% или други бенифиции кои не се наведени.

1. Раководството на МАКС, во наредните 2 години, ќе го водат следните членови:
ПРЕТСЕДАТЕЛ –Лидија Таскова Попова
СЕКРЕТАР и КОНТАКТ ЛИЦЕ – Маја Стојкова

БЛАГАЈНИК –Весна Бузалковска
МАРКЕТИНГ – Лидија Таскова Попова и Радмила Станојевска
НАДЗОРЕН ОДБОР – Тамара

2. ИНСПЕКЦИСКИ КОМИТЕТ: ПРЕТСЕДАТЕЛ – Елисавета Таневска
Член –Фанија Стошиќ
НАДВОРЕШЕН ЧЛЕН – Даниела Бавчанџи
Мандатот на сите овие функции е 2 години, со можност за реизбор на уште 2. (2+2).

 

Придружни и акредитирани членки:

-  Членките на МАКС се инспектираат според Водич (Шема) кој соодветствува на Водичот на  EAQUALS.

-   Инспекторите при инспекција се водат по Водичот(Шемата).

-   Инспекцискиот дел на Водичот се состои од 4 дела и секој дел се инспектира посебно. Првиот Дел (1) е Општ менаџмент. Вториот дел (2) е Академски менаџмент. Третиот дел (3) е наставата по странски јазици. Четвртиот дел (4) е инспекција на просторот каде што се изведува наставата како и канцеларискиот простор.

-   Придружните членки се инспектираат по однос на два дела и тоа Првиот и Четвртиот.

-   За целосна акредитација члените се инсектираат по однос на сите Четири дела.

-   Акредитацијата важи 4 години. Секои четири години следи реинспекција. Доколку во меѓувреме настанат промени по однос на локација (простор) или друго, се врши реинспекција на само на Делот каде што настанале промените.

 

 

 

 
 

  ©Copyright -Maqs
Администрирано од:Webmaster